Дали барате сигурносна брава за надворешни врати што нуди модерен изглед, висока безбедност и лесно користење? Откријте ја Safety1st– паметната брава со отпечаток, лозинка и резервен клуч, совршена за домови, станови, викендички, магацини и деловни објекти во Македонија.
Препуштете и ја безбедноста на вашиот дом на новата генерација паметни брави. Safety1st Outdoor Intelligent Lock е модерно решение кое ги комбинира биометриската технологија, паметниот код и традиционалниот клуч – сѐ во едно елегантно и отпорно куќиште.
Создадена за надворешни услови
Дизајнирана да издржи дожд, прашина, сонце и екстремни температури, оваа брава е идеална за надворешни врати, порти, гаражи или викендици. Работи во сите сезони, со IP65 водоотпорност и издржлива алуминиумска конструкција.
Долготрајна и практична
Safety1st работи на 4 AA батерии и ве известува навреме кога батеријата е при крај. Ако случајно остане без струја, едноставно отклучете со клуч. Нема паника, нема стрес.
Лесна монтажа, голема промена
Инсталирањето на оваа паметна брава е едноставно и не бара професионална помош. Добијте модерна безбедност без комплицирани кабли или скапа инсталација.
За кого е наменета?
Сопственици на станови, куќи или викендички
Изнајмувачи на недвижнини
Сопственици на канцеларии, помошни објекти и магацини
Секој што сака паметна, сигурна и модерна брава
Safety1st – Паметна брава, паметна одлука.
Висок степен на заштита: Lock Cylinder: Grade C – една од најбезбедните на пазарот
IP66 водоотпорна – идеална за внатрешна и надворешна употреба

Работна температура: -25℃ до +55℃
Издржлива конструкција:
Изработена од алуминиумска легура
Сертифицирана по CE, FCC, ROHS и ISO9001 стандарди
Начини на отклучување:
Отпечаток од прст (до 250 корисници)
Лозинка
Смарт картичка
Далечинско отклучување преку Tuya Smart App (Wi-Fi поврзување)
Резервен клуч
Привремена лозинка за гости

Голема компатибилност:
Одговара за дрвени, pvc, метални, алуминиумски и месингани врати
Поддржува дебелина на врата од 30 до 80 мм
Контрола преку Tuya Smart App
Управувајте со пристапот каде и да сте!
Доделете пристап на членови од семејството или гости
Следете ги отклучувања, преку отпечатокот од прстот, во секое време ќе знаете кој влегол и во кое време (погодно за канцеларии).
Далечинско отклучување преку мобилен телефон

Напојување:
Работи на 4 AA алкални батерии
Долг век на траење + сигнализација за слаба батерија
Механички клуч вклучен како резерва

Технички податоци:
| Атрибут | Вредност |
|---|---|
| Модел | Safety1st 954 |
| Димензии | 330 x 36 x 25 мм |
| Капацитет на меморија | 250 корисници (отпечаток + лозинка + картичка) |
| Мрежа | Wi-Fi |
| Складирање | Облак + вградена меморија |
| Цилиндар за брава | Grade C – еден од најбезбедните на пазарот |
| Гаранција | 24 месеци |
Клучни зборови:
паметна брава, брава со отпечаток, дигитална брава, безжична брава, сигурносна брава, брава за надворешна врата, брава за порта, брава со лозинка, биометриска брава, брава без клуч.
Видео: Како се монтира бравата
Упатство за користење на бравата 954
Сетот вклучува брава со димензии 22×240 mm (3585). Може е да се намонтира и на вашата постоечка брава. Одговара за Стандард врати со дебелина од 30-80mm. Доколку имате било какви прашања пред да нарачате, или во текот на монтирањето тука сме да ви помогнеме 078 375 852


















