Зошто паметните брави се побезбедни од обичните?

Како што технологијата напредува, така се менуваат и факторите на безбедноста во нашиот дом. Сѐ повеќе луѓе се одлучуваат за паметни брави наместо за класичните, и тоа не без причина. Еве неколку причини зошто паметните брави се посигурен избор:
1. Не користи клуч – нема ризик од изгубен или украден клуч
Со паметна брава, нема потреба од класичен клуч – што значи нема ризик да го изгубите, да ви го украдат или некој да направи копија без ваше знаење. Се отклучува со код, отпечаток, мобилен телефон или дури преку апликација – брзо, лесно и безбедно. (Нашите брави имаат резервен клуч).

2. Контрола во секое време, каде и да сте
Со помош на мобилна апликација, можете да ја заклучите или отклучите вратата од каде било. Може и да проверите кога некој влегол, да добиете известување ако некој се обиде да ја отвори бравата или да му дадете пристап на гостин – сето тоа од далечина, преку вашиот телефон.

3. Подобра заштита од провалници
Паметните брави имаат вградени безбедносни функции како што се аларми, автоматско заклучување и заштита од насилно отворање. За разлика од обичните брави што лесно се “отправаат” со алат, овие се многу потешки за пробивање.
4. Делите пристап – ама под ваша контрола
Ако очекувате гости, мајстор или чистачка – нема потреба да им давате клуч. Можете да им овозможите привремен пристап кој важи само во одредено време. Така секогаш знаете кој и кога има влез во вашиот дом.
5. Интеграција со системи за паметен дом
Паметните брави лесно се интегрираат со други уреди од паметниот дом, како што се камери, аларми и светла, создавајќи координиран систем за заштита. Традиционалните брави не нудат ваква флексибилност или автоматизација.
Сите наши брави ги поминуваат ригорозните тестови за безбедност

Во неколку збора:
Паметните брави не се само модерен тренд – туку практично и безбедно решение. Ви даваат повеќе контрола, помалку грижи и дополнителен слој заштита кој го нема кај класичните брави. Ако сакате домот да ви биде сигурен и паметен – ова е вистинскиот чекор.