Заштитен појас околу твојот дом
1
Летното затоплување е веќе тука! Еве неколку чекори што можеш да ги преземеш за да спречиш појава или ширење на пожари во вакви услови:
🔹 Отстрани сува трева, гранки и други запаливи предмети од дворот
🔹 Увери се дека целосно си ја изгаснал цигарата пред да ги фрлиш
🔹 Никогаш не фрлај запалени предмети преку прозорец
Важно е да создадеш заштитен појас околу твојот дом – простор без дрвја, грмушки, сува трева и други предмети кои може да предизвикаат пожар, особено кога постои закана од шумски пожари.